Организиран настан од Ротари Клубот Кочани Виница

профориентация для детейlivesex free

На 17.06.2017 година Ротари Клубот Кочани Виница како и секоја година организираше настан на кој беа доделени награди на девет ученици во три категории од средните училишта во двете општини, примопредавање на претседателството на клубот и примање на нови членови.
Гости на оваа манифестација беа членови на Ротари заедницата од Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, како и пријатели на ротари клубот од Кочани и Виница.
Во оваа пригода беа поделени и благодарници на компаниите и институциите кои соработуваат и донираат во проектите на клубот.
И оваа година паролата да се дружиме и служиме на заедницата беше во потполност реализирана.