Пример За Младината

После успехот на Интеракт клубовите кај средношколците во раните 1960ти, бордот на РИ го создаде Ротаракт во 1968 год. Новата организација беше создадена за да ја промовира одговорноста на граѓанинот и лидерскиот потенцијал во клубовите на млади мажи и жени на возраст помеѓу 18 и 30 години. Првиот Ротаракт клуб беше основан од Шарлот Северниот Ротари клуб во Шарлот, Северна Каролина. Во 1995 год постоеја скоро 5 000 Ротаракт клубови со повеќе од 113 500 членови во 114 земји во светот.

Ротаракт клубовите ја потенцираат важноста на обврските кои секој поединец ги има како основа на личниот успех и вклученост во заедницата. Секој клуб спонзорира годишен проект за промовирање на високи етнички стандарди во бизнис и професионалниот дел од животот на секој човек. Ротаракт исто така отвора патишта кон поголемото меѓународно разбирање и добра волја. Ротаракторите уживаат во многу општествени активности и програми за подобрување на нивната заедница. Еден Ротаракт клуб може да постои само ако е постојано спонзориран, воден и советуван од некој Ротари клуб. Програмите на ротаракт се градени на основа на мотото “пријателство преку службата.”

Претседател: Андон Гушков

Телефон за контакт и потребни информации: 078/280-089