Во служба на Заедницата

Ние сме 1,2 милиони соседи, пријатели, и лидери на заедниците кои доаѓаат заедно за да  создадат позитивни, трајни промени во нашите заедници и низ целиот свет.

Нашите различни професии, култури и земји ни даваат единствена перспектива. Нашата заедничка страст за услуга ни помага да се постигне забележителното и значајното.

ПО ШТО СЕ РАЗЛИКУВАМЕ?

sto-e-rotari-newНашите различни гледни точки и пристап ни даваат единствени предности:

  • Гледаме поинаку: Нашата мултидисциплинарна перспектива ни помага да се видат предизвиците на единствен начин.
  • Размислуваме поинаку: Ние применуваме лидерство и стручност за општествени проблеми- и наоѓаме уникатни решенија.
  • Работиме одговорно: Нашата страст и упорност создаваат трајна промена.
  • Правиме разлика во нашата земја и во целиот свет: Нашите членови може да се најдат во вашата заедница и во целиот свет.

КАКО РАБОТИМЕ?

Нашето влијание започнува со нашите членови – луѓето кои работат неуморно во своите клубови да ги совладаат некои од најтешките предизвици на нашите заедници и општества. Нивните напори се поддржани од страна на Ротари Интернационал, нашата членска организација и Ротари фондацијата, која претвора великодушни донации во грантови кои ја финансираат работата на нашите членови и партнери од целиот свет. Ротари е предводена од страна на нашите членови -одговорни лидери, кои помагаат да се продолжи мисијата и вредностите на нашата организација со нивните избрани улоги.

КАКО СТИГНАВМЕ ОВДЕ?

Ние правиме историја и заедно го зближуваме светот веќе 100 години. Од формирањето во 1905 година, ние ги превземавме некои од најтешките предизвици во светот, и помогнавме на широк спектар на меѓународни и услужни организации, од ОН до Easter Seals.
Дознајте повеќе за историјата на Ротари на: https://www.rotary.org/en/about-rotary/history

КАКО ГИ КОРИСТИМЕ НАШИТЕ СРЕДСТВА?

Одговорно лидерство не значи само вршење добра работа, туку на најдобар начин користење на секоја донација што ја  добивме.
Погледнете како го зголемуваме нашето влијание:  https://www.rotary.org/en/learning-reference/about-rotary/financials

КОИ КАУЗИ ГИ ПОДРЖУВАМЕ?

Идентификувавме специфични каузи со цел да се зголеми нашето локално и глобално влијание. Во исто време, ние знаеме дека секоја заедница има свои потреби и грижи. Преку нашата мрежа на ресурси и партнери, ние им помагаме на клубовите да  ги фокусираат своите напори  во промовирањето на мирот, борбата против болести, обезбедување на чиста вода, заштита на мајките и децата, за поддршка на образованието, како и зголемување на локалните економии.
Дознајте повеќе за проектите и за услуги кои ги поддржуваат нашите каузи на линкот:
https://www.rotary.org/en/learning-reference/about-rotary/areas-focus

За повеќе информации, симнете ја АБЦЕдата на Ротари